Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, која зад себе има кариера долга три децении, реши да ја изненади јавноста споделувајќи 30 факти за својот приватен живот кои малкумина ги знаат. Иако со децении е во самиот врв на популарноста, пејачката откри дека некои работи за неа ги знаат само најблиските, нарекувајќи се себеси „шоубиз измама“ бидејќи приватно е многу повлечена личност.
Меѓу најшокантните откритија е нејзината долгогодишна борба со здравствените проблеми. Карлеуша сподели дека е најмладиот дијагностикуван случај на мигрена во Србија, состојба со која се бори целиот живот и за која не постои траен лек. Покрај тоа, таа откри дека има сериозна девијација на носната преграда која ѝ го отежнува дишењето, како и дека спие само 4 до 5 часа дневно.
Во однос на животниот стил, Јелена истакна дека никогаш во животот не пробала пороци како цигари, дрога или кафе. Изненадувачки е и фактот што таа воопшто не поднесува благо и никогаш не вкусила торта или колач. Наместо тоа, нејзина омилена храна е сушито, а обожава и силни вкусови како бел и црн лук.
Интересно е што Карлеуша поседува натпросечна интелигенција, уште на 11 години ѝ бил измерен IQ над 150. Таа е леворака, свири флејта и како дете пеела во операта на Народниот театар. Меѓу необичните факти се најдоа и нејзиниот страв од парни броеви, неможноста да разликува одредени бои, како и податокот дека нејзината прабаба била австриската грофица Марија фон Дајц.
„Секогаш имав јасна визија каков ќе биде мојот пат. Морав себеси толку да се деформирам за во овој бизнис на навредата да одговорам смирено. Сè што мислат луѓето за мене не е така“, заклучи Карлеуша, додавајќи дека по природа е четврто колено белграѓанка и личност која најмногу на светот ужива во тишината и со своите четири кучиња.
