2.8 C
Скопје
17:53 - 23 декември, 2024

Интервју со Раста: Во ладната ќелија во затворот сфатив дека го изгубив животот, а најтешко ми беше да ја прегрнам ќерка ми

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста неодамна беше во Скопје, по повод премиерата на неговиот филм „3211“ што се одржа во киното „Синеплекс“. Киното беше преполно од неговите обожаватели, претежно тинејџери, кои освен што дојдоа да го гледаат филмот, возбудено трчаа по српскиот рапер, во обид да се фотографираат или да се поздрават со него.

Раста беше во затвор од октомври 2020 година до јануари 2021 година за недозволено поседување опојни дроги. Призна дека дрогата била наменета за лична употреба, па беше постигнат договор една година да биде во домашен притвор. Меѓу ладните ѕидови во ќелијата 3211, како што вели тој, сфатил дека од успешен пејач, во еден миг го изгубил целиот свој живот. Од една страна, љубовта на својата ќерка, од друга страна, се она што го градел низ годините, исчезнало за миг. И токму тука, во затворската ќелија се родиле идеите за неговите нови песни, кои допрва ќе ги промовира на новиот албум.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balkaton (@balkaton)


Инаку, Раста е поранешен сопруг на пејачката Ана Николиќ, со која ја има ќерката Тара.

Во филмот, под мотото „Слободата нема цена“, освен што се глуми самиот себе, ги раскажува деновите поминати во затворот, целиот процес од денот кога бил уапсен, до денот кога заминал таму. Српската филмска критика е со став дека тој одлично се одиграл себеси.

Во интервју за „Слободен печат“, Раста раскажува за деновите поминати во затворот.

„Воопшто не беше убаво. Иако, јас навистина немав никакви проблеми внатре. Дури и ме почитуваа затоа што бев познат. Кога влегов во ќелијата сите ме знаеја. Долги беа и деновите и ноќите. Ги земав тетратката, пенкалото и по цел ден пишував песни. Некои ги продадов, некои ги задржав за себе. Со нетрпение го очекувам овој албум како да ми е прв и многу му се радувам“, ни раскажа Раста. како се чувствувал во затворот.

Низ разговорот откри дека додека траело снимањето на филмот, било малку комплицирано затоа што се игра себеси.

„Многу моменти повторно ги доживеав заради снимањето на филмот и ми беа непријатни. Сцената со апсењето и ставањето лисици, искрено беше морничава, а и се уште имам траги на рацете од тоа“, вели раперот.

Сепак, за него, најубавиот момент е денот кога излегол од затвор.

„Како вчера да беше. Уште памтам, зима, 27 јануари. Ниту јас, ниту мојот адвокат не знаевме дека ќе излезам. Се изгледаше нереално. На патот од затворот до дома, не бев свесен каде одам. Кога дојдов дома и кога видов дека сите ме чекаат, е тогаш сфатив каде сум. Тогаш конечно поверував дека сум дома меѓу своите. Уште ми е пред очи ликот на мојата ќерка. Нејзината прегратка, топлината на нејзините раце. Онаа радост која нѐ обзема и двајцата. Секогаш велам, најтешко ми беше како нејзе да ѝ кажам каде бев кога не бев дома. Не сакав ниту да ме посетува во затвор. Но, кога ќе биде доволно возрасна, сѐ ќе ѝ објаснам, како и с ѐ што никогаш не смее да прави. Не сакам да се срамува од мене“, искрен е Раста.

На прашањето како му било кога првпат се гледал себе на премиерата од филмот, раперот вели: „Ми беше малку непријатно, сепак, ова не е спот, ова е филм. Друга е енергијата, емоцијата. Беше чудно, но ете влегов и во тие води и екипата ми беше ветер во грб. И денес ми велат дека сум добар глумец, но јас не им верувам.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEFAN (@stefanrasta)


Раста ни откри дека сега му пристигнуваат и понуди за на филм, но сѐ уште не размислува да се занимава со глума.

А, дали овој филм му ја кренал популарноста како музичар, вели: „Ние не размислувавме така, ние решивме да ја искористиме мојата популарност на паметен начин, да допрам до децата, тинејџерите. Мислам дека ја постигнавме целта. Сега сум сконцентриран на промоцијата на албумот, на 16 ноември, а потоа следат концерти.“

Слични објави

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Еспресо

Милош Биковиќ ги поддржа студентските протести во Белград: Актерот се огласи на социјалните мрежи!

Еспресо

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо
Се вчитува....