7.8 C
Скопје
20:19 - 29 март, 2026

Игор Џамбазов и Илина Арсова: Омилениот пар на македонската јавност

Сите љубови се слични една на друга, а различни на посебен начин. Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено станаа омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заеднички фотографии, взаемна поддршка и позитивна енергија.

Instagram
Instagram

Нашата позната алпинистка Илина Арсова, моментално се наоѓа во Турција, па нејзиниот сакан Игор „ја поздрави“ на оригинален начин.

Instagram
Фотографија објавена од Џамбазов / Instagram

Џамбазов на својот Инстаграм профил ја објави сликата под која напиша „Seni seviyorum“ или во превод од турски јазик „Те љубам“. А Илина за брзо му „врати“ шеговито велејќи: „Чиста поезија“.

Instagram
Instagram

Илина и Игор станаа омилен пар на јавноста, токму поради нивната искреност, никој реално не го интересира дали нивната љубов ќе добие некаков „расплет“, се додека се среќни еден со друг.

Колку и да се различни, успеале да создадат нешто свое и безусловно да се поддржуваат во тоа што го прават. Тие својата креативност ја покажуваат и докажуваат секој ден на најразлични начини.

Instagram
Instagram

Илина, покрај тоа што го „доближи“ планинарството до обичниот народ, споделувајќи моменти од своите професионални ангажмани, Арсова постојано покажува и други страни од себе.

Instagram
Дело на Илина, кое го сподели Џамбазов насловено „Слобода“ / Instagram

Илина на социјалните мрежи покрај фотографиите од високите врвови, објавува и свои уметнички дела со кои нè освојува сите, со посветеноста и талентот што го поседува.

Instagram
Дело на Илина / Instagram

Таа нема некои посебни фалинки, освен што по цел ден слика калинки…“, напиша Игор под сликата на Илина. А Илина само додаде „Калинка е во мода“.

Слични објави

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо
Се вчитува....