Ќерката на пранешната манекенка Кејт Мос, 17-годишната Лила Грејс, се појави на насловната страница на магазинот „В“. На црно-белата насловна страница Лила има природна шминка, брановидна коса и впечатливи обетки.
„Многу сум благодарна што се најдов покрај толку силни и неверојатни жени, на што сум многу горда“, напиша Лила под насловната што ја споделила на Инстаграм.
Лила е заштитно лице на брендот „Марк Јакобс бјути“, а минатиот ноември ја сними својата прва самостојна насловна страница за списанието „Дејзд“, што е во сопственост на нејзиниот татко Џеферсон Хак.
„Светот на манекенството ме интересира од мали нозе. Уживам да ја работам оваа работа и сакам да работам повеќе“, вели Лила.