Деновиве почнаа да се шират гласини дека еден од омилените парови од светската музичка сцена, Шон Мендез и Камила Кабељо, повторно се разделија. Гласините започнаа откако Мендез на Инстаграм ја избриша снимката од нивниот бакнеж.
Нивните фанови се загрижија, па парот одлучи да ги смири и да им каже дека е сè како што треба.
Камила на својот инстаграм-профил објави фотографија од наслов во еден весник во кој пишува дека раскинале.
„Кога мислеше да ми кажеш?“, се пошегува пејачката.