11.8 C
Скопје
12:58 - 25 април, 2024

Холивудскиот актер во центар на скандал: Се појавија негови пораки со бизарен сексуален канибализам

Холивудската ѕвезда Арми Хамер, кој е најдобро познат по улогата во филмот „Викај ме со твоето име“ е во центар на вниманието на јавноста откако на социјалната мрежа Твитер протекоа пораки за кои се тврди дека се негови, а укажуваат на бизарен сексуален канибализам.

На интернет се појавија скриншотови од приватни преписки, наводно од налози на актерот на различни социјални мрежи и во тие пишани разговори, се гледа името на Хамер и одговори од непознати жени, а темите се експлицитни и вклучуваат секс, канибализам и други необични интереси.

Еден корисник на Твитер сподели серија фотографии од пораки на кои се гледа дека се пратени од официјалниот налог на Хамер. Но, не е јасно дали пораките се напишани и испратени лично од актерот или профилот му бил хакиран.

Треба да ја испијам твојата крв.“ „Јас сум стопроцентен канибал.“ „Сакам да те изедам“, се само некои од пораките што кружат на Твитер.

Multiple victims of Armie Hammer came out saying he used his fame to manipulate em to have sex, calling em “kitties” and drink their BLOOD, now WHAT IN HANNIBAL LECTER??? pic.twitter.com/LWxgZdXC4t

— tevin ?? (@tevinauguste) January 10, 2021

За да потврди дека пораките се лично од Арми, еден твитерџија покажа скриншот од негов поранешен твит во кој актерот пишува „Кога ќе си го повредиш телото, понекогаш најдобар лек е друг човек да го истрие неговото тело со твоето“, а во твитот има и фотографија од физикална терапија на која заминал откако си повредил мускул на грбот.

принтскрин
принтскрин
принтскрин
принтскрин

Ова не е прв пат Хамер да се најде под лупа на јавноста во врска со неговите сексуални интереси. Во 2017 година се најде на насловните страници од таблоидите откако протекоа серија твитови во кои тој пишувал за садомазохистички секс.

Profimedia

И додека едни ги споделуваат новите скандалозни фотографии, го напаѓаат актерот и бараат да се исклучат сите негови налози на социјалните мрежи, други тврдат дека фотографиите се лажни, со цел да му наштетат на Арми. Тие ги анализираат фотографиите и објаснуваат како на нив не се гледа името на личноста со која актерот наводно комуницира, дури и дека фотографијата на актерот покрај неговите пораки е нерамномерно поставена, што упатува на тоа дека скриншотовите се фотошопирани.

Арми Хамер со сопругата Елизабет Чемберс/ Profimedia

Арми кој наскоро ќе имаме можност да го гледаме во филмот „Смрт на Нил“, снимен според истоимената книга од Агата Кристи, а во кој глуми покрај Гал Гадот и Кенет Брана, моментално живее разделено со сопругата Елизабет Чемберс, со која има две деца – шестгодишната ќерка Харпер и тригодишниот син Форд. Хамер минатиот месец отпатувал на Кајманските острови за да го види семејството. Од таму тој објавуваше на социјалните мрежи разни фотографии, но без децата, поради нивна заштита.

Засега актерот сè уште не се огласил со коментар да ги потврди или демантира скандалозните вести.

Слични објави

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо
Се вчитува....