01:55 - 11 ноември, 2026

Георгина Родригез објави досега невидена фотографија од породилното одделение

Instagram

Георгина Родригез и Кристијано Роналдо на Инстаграм со прекрасни фотографии го одбележаа третиот роденден на нивната ќерка Алана Мартина.

Instagram
Instagram

Георгина Родригез (26) и Кристијано Роналдо (35) со емотивни објави го прославија денот на раѓањето на нивната ќерка Алана Мартина.

– „Пред три години со мојот мал ангел“, напиша Георгина покрај црно – белата фотографија направена веднаш по раѓањето на Алана. Манекенката сподели и слика со Кристијано на која ја храни својата ќерка со шише.

Instagram
Instagram

– „Чиста љубов. Оваа фотографија предизвикува многу чувства во мене. Те сакаме, наш животе. Среќни три години”, напиша Родригез.

Многуте фанови беа трогнати од нејзините објави и оставија многу убави коментари: „Прекрасно“, „Колку слатко“, „Малиот ангел“, „Колку мал“, „Толку е лесно да се за вљубиш во оваа малечка убавина“, коментираат тие.

Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија од Алана под која напиша: „Ти благодарам што влезе во нашите животи и ги исполни со светлина со твојата насмевка. Среќен роденден, моја принцеза Алана. Те сака тато“, напишал фудбалерот.

Instagram
Instagram

Инаку, Алана, која ја доби со Георгина, е најмладата од сите деца. Фудбалерот го има синот Кристијано Јуниор (10) чија мајка не сака да ја открие пред јавноста, близнаците Ева и Матеа (3) кои ги доби со сурогат мајка.

Instagram
Instagram

Фудбалерот е во врска со Родригез околу четири години и тие се верени.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....