11:54 - 13 април, 2026

Фотографиите открија сè: Маја Шупут и Шиме Елез повторно заедно – вака ја поминаа вечерта во Сплит

Хрватската пејачка Маја Шупут и шармантниот Шиме Елез, еден од најзапаметените учесници во хрватската верзија на реалното шоу „Господин Совршен“, повторно се најдоа во фокусот на јавноста.

По неговите моторџиски авантури низ регионот, Елез се врати во родниот Сплит, а токму таму двајцата беа „уловени“ од љубопитните погледи. Иако не споделија заеднички фотографии, и тој и Маја објавија содржини од истото познато место на Жњан, каде уживаа во коктели и храна – доволно за да се разгорат нови шпекулации за нивната поврзаност.

Фото: Скриншот
Фото: Скриншот

Пејачката и телевизиската личност почнаа да се дружат откако едно видео на ТиктОК стана хит – во него Елез искрено призна дека други познати Хрватки, меѓу кои Северина, Франка Бателиќ и особено Јелена Розга, му се попривлечни од Маја. Таа на изјавата одговори со доза на хумор, што доведе до нивен контакт.

Наскоро Маја го вклучи Елез во својот спот за песната „Нисам ја за мале ствари“, а од тогаш двајцата повеќепати беа видени заедно, оставајќи простор јавноста да се прашува дали станува збор само за пријателство или нешто повеќе.

Слични објави

Неделен хороскоп: Големи одлуки, нови шанси и неочекувани средби

Т.Ц.

„Никој не ја жали, мисли дека е најпаметна“: Блејк Лајвли важи за „тешка соработничка“

Т.Ц.

Едита Арадиновиќ доживеа вистински хаос во клуб – на бремената пејачка ѝ бил испрскан солзавец, па настапот бил прекинат

Еспресо

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.
Се вчитува....