13.8 C
Скопје
14:02 - 16 октомври, 2026

(Фото) „Јас го сакам животот и животот ме сака мене“: Лила Филиповска го прослави 55. роденден покрај море

Популарната македонска водителка Лила Филиповска има убав повод за славење – го прослави својот 55. роденден во друштво на блиски пријатели, уживајќи во прекрасна атмосфера покрај морето.

Облечена во елегантен фустан од чипка, со коктел во раката, Лила позираше за роденденските фотографии кои ги сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Покрај фотографиите, водителката објави и емотивна порака во која истакна дека повеќе не ги брои годините, туку животните лекции, победите и луѓето што навистина вредат.

„Денеска ми е најубавиот ден, денеска ми е роденден!

И не, нема да пишувам долг текст (а и нема потреба покрај овакви слики).

Кратко ќе кажам, денеска не бројам години. Ги бројам лекциите, победите, насмевките, луѓето што вредат и што јас сум жената на мојот живот.

Јас го сакам животот и животот ме сака мене и максимално уживам во него! И дава Бог да знаете, треба само да посакате… да посакате со чисто срце.

Во моето срце има место за вас драги пријатели кои сте со мене сите овие години и оние кои ме држеа цврсто за рака кога беше најтешко! Да сме живи и здрави и само здравје и љубов.

Ве сака Ваша Лила“, напиша водителката.

 

View this post on Instagram

 

Слични објави

Есенски коктел со јаболко, цимет и карамела — совршен пијалак за студените вечери

К.С.

Тони Цетински се прости од татко му со потресна порака: „Посакувам уште еднаш да те прегрнам“

Еспресо

Огњен Амиџиќ за можниот ангажман на Јована Јеремиќ во „Пинкови ѕвезди“: „Жирито мора да има музички кредибилитет“

Е.А.

Калиопи за синот Пако: Ја сака Македонија и сака кога му зборувам на македонски

Еспресо

Дали сте „хеликоптер-родител“? Преголемата грижа за децата може да има неочекувани последици

К.С.

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova
Се вчитува....