6.8 C
Скопје
04:13 - 31 март, 2026

(Фото) Ѕирнете во домот на Горан Иванишевиќ кој го бара од поранешната сопруга: Ваков луксуз ретко се гледа!

Деновиве главна тема во регионалните медиуми е станот на Горан Иванишевиќ, кој тренерот на Новак го бара од неговата поранешна сопруга Татјана Драговиќ и ќерката Амбер Марија.

Тој неодамна ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо на Инстаграм, каде зборува за врската со поранешната партнерка која според него незаконски го присвоила имотот што заедно го стекнале.

Љубовта на Татјана и Горан траеше седумнаесет години, а се разведоа во 2013 година, останувајќи во лоши односи. За време на бракот ги добија децата Амбер Марија и Емануела, а спорниот стан на Горан Иванишевиќ беше префрлен на неговата дваесетгодишна ќерка.

Луксузниот пентхаус од неверојатни 210 метри квадратни со шест спални соби се наоѓа во строгиот центар на Загреб, каде сега живеат Татјана и нејзиниот втор сопруг Влахо Арбулиќ.

Поранешните сопружници заедно го реновирале станот, а потоа медиумите објавија дека реконструкцијата траела околу три години, што предизвикало постојани протести кај соседите.

Тренерот на Нолет дури помислил да го продаде пентхаусот за неверојатни милион и пол евра, но сепак се откажал во последен момент.

Неговата поранешна сопруга на социјалните мрежи често објавува фотографии од семејниот дом, па имаме можност да видиме дека станот за кој таа преку суд се расправа со Горан е многу простран, со поглед на целата хрватска престолнина.

Доминира модерен стил, со бели и сиви тонови. Дневниот салон е осветлен од две страни, има бели ѕидови, паркет, темно сив кауч и завеси во посветла нијанса, тркалезна маса со мермерен горен дел, голем телевизор, камин, цветни украси…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vlaho (@v.l.a.h.o)

Трпезаријата е исто така во современ стил, со необичен лустер во златни тонови, долга мермерна маса и сив тепих. А спалната соба и пространата бања исто така „пукаат“ од раскош.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....