18:27 - 2 април, 2026

(Фото) „Животот ни даде сè“: Александра Пријовиќ ја објави првата фотографија од ќерката

Пејачката Александра Пријовиќ вчера се породи на приватна клиника во Белград и на свет донесе здраво девојче кое доби прекрасно име – Арија.

Само неколку часа по породувањето, младата музичка ѕвезда ја сподели првата фотографија од своето бебе. На емотивната слика од породилиштето се гледа малата рака на новороденчето, која мајката нежно ја држи. Пријовиќ покрај фотографијата напиша кратка, но силна порака: „Животот ни даде сè“.


Веднаш по радосната вест, кумот на младите сопружници, пејачот Ацо Пејовиќ, откри како им честитал на новopeдените родители.

– Им честитав на моите прекрасни кумови и ѝ посакав на малата принцеза добредојде во нашите животи. Како татко на ќерки, знам дека ги очекува огромна љубов. Нивното семејство денес е побогато за еден нов осмев, за едно ново лице на среќата. Сигурен сум дека Ариа, како и малиот кум Александар, ќе расте во дом полн со топлина, љубов и сигурност, затоа што моите кумови се луѓе со големо срце – изјави Пејовиќ.

Тој додаде дека со гордост и радост го слави овој голем ден.

И мајката на пејачката, Борка Михајловиќ, се огласи по породувањето и откри детали од семејната атмосфера, нагласувајќи дека целото семејство е исполнето со радост по доаѓањето на малата Арија.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....