01:06 - 8 ноември, 2026

(Фото) Виктор Апостоловски ја прослави третата годишнина од бракот: „Уште 103 вака, па после ќе правиме муабет!“

Пејачот Виктор Апостоловски сподели емотивна објава по повод третата годишнина од бракот со сопругата Милена, откривајќи дел од нивните најубави семејни моменти со синот Адам.

На фотографиите што ги објави на социјалните мрежи може да се видат насмеани и среќни во различни моменти од секојдневието – од прошетки и дружења во природа до заеднички семејни авантури со нивниот син.

Во описот на објавата Виктор напиша:

„Третата годишнина ја пречекуваме 3ца. Уште 103 вака, па после ќе прајме муабет!

Хепи Ениврсри хани! Ве љубам!“


Виктор и Милена станаа родители на 2 декември 2025 година, кога на свет дојде нивниот син Адам. Оттогаш пејачот често споделува моменти од семејниот живот и не крие дека ужива во улогата на татко.

Љубовната приказна на парот беше крунисана со брак пред три години, а денес нивното семејство е збогатено со уште еден член.

Покрај тоа што редовно ги радува фановите со нова музика, Виктор неодамна ја покажа и својата емотивна страна преку песната посветена токму на својот син Адам.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....