0.8 C
Скопје
02:13 - 12 март, 2026

(Фото+видео) Моден скандал: Александра Пријовиќ ѝ го ископира чипканиот сет на Јелена Карлеуша

На нејзиниот втор концерт во Ниш, Александра Пријовиќ ја носеше истата облека што ја носеше Јелена Карлеуша во август 2022 година, пишува „Курир“.

Иако Пријовиќ многу внимава кога станува збор за модните комбинации на актуелната концертна турнеја, одбирајќи скапи модни парчиња, се чини дека овој пат нејзините стилисти снемале инспирација, па украле идеја од нејзината колешка Јелена Карлеуша.

Карлеуша ја носеше оваа комбинација минатото лето, на еден нејзин настап, а се работи за комплет на познатиот француски бренд „Сен Лоран“ – боди со ракавици од тантела, чија цена е 2.290 евра и хулахопки од истиот материјал – 1.790 евра.

Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

За да биде барем малку поразлична од нејзината постара колешка, тимот на Прија ја облече пејачката во црно боди и кожен ремен од „Александар Меквин“ од 1.690 евра, додека Карлеуша беше малку послободна, па носеше само црна долна облека под проѕирниот материјал.

Карлеуша е позната по предизвикувачките комбинации, додека Прија ретко носи ваква облека, па многумина беа изненадени што таа се реши на овој чекор.

Како потсетување, Јелена Карлеуша неодамна ја искритикува Александра Пријовиќ и изјави дека нејзината музика е „треш“ и звучи како да е од 2001 година.

„За чиј албум да зборуваат? Сè што се снимаше оваа година – не се случи ниту еден голем хит. Песната на Пријовиќ ми звучи како да е од 2001 година. Девојката е супер, ‘Ѕвезде Гранда’ се супер, но тие, едноставно, се ‘треш’. Јас сметам дека мора да одиме напред, а не да остануваме во 2001 година“, истакна Карлеуша, па потоа ја „спушти топката“, па истакна дека ѝ е драго за успехот на Пријовиќ.

Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша/Александра Пријовиќ

„И мене ми е драго за успехот на Прија, а и за сечиј успех. Ни она, ни кој било не треба да се споредува со мене бидејќи зад мене има 30-годишна голема кариера, светски пристап и пионерски храбра работа. Едното не треба да го исклучува друго. Секој нека пее и нека работи, а времето ќе покаже кој колку вреди и по што ќе биде запамтен“, напиша Карлеуша на едно од нејзините инстаграм-стории.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....