4.8 C
Скопје
08:56 - 22 ноември, 2024

(ФОТО) ВДОВИЦАТА НА ХЕФНЕР: Носталгија за стариот живот, ама со нова љубов на пат околу светот

кристал хефнер

Кристал Хефнер по повод четвртата годишнина од смртта на нејзиниот сопруг Хју Хефнер во интервју за „Е! News“ прозборе за нивната љубовна приказна, која започнала во 2009 година.

кристал хефнер
Кристал и Хју Хефнер / Фото: EPA/DANIEL DEME

„Поминаа само четири години, но се чувствувам како да поминале векови. Толку многу работи се случија откако го нема“, вели 35-годишната Кристал, која беше четврта сопруга на Хефнер со кого стапи во брак во 2012 година.

Нивната романса, според многумина, беше сосема неконвенционална. Хју беше 60 години постар од Кристал, а таа ја раскина веридбата неколку дена пред нивната прва венчавка. Сепак, Кристал го цени нивното време заедно и вели дека научила многу од Хефнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crystal Hefner (@crystalhefner)

„Беше толку скромен и љубезен со сите. Беше отворен и го споделуваше својот живот со сите и мислам дека тоа беше навистина посебно“, се сеќава поранешната зајачица и модел на „Плејбој“, која моментално ужива на Малдиви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crystal Hefner (@crystalhefner)

Кристал тврди дека домот на Хефнер, вилата на Плејбој, каде живееле Холи Медисон, Кендра Вилкинсон, Бриџит Маркарт и другите девојки, бил оаза.

„Секој можеше да влезе, да ги остави своите грижи пред врата и едноставно да се забавува. Сакав да бидам таму. Беше навистина магично. Такво нешто веќе нема да може да се повтори“, изјави Кристал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crystal Hefner (@crystalhefner)

Хеф секогаш велеше дека е отворена книга со илустрации, затоа се обидувам да останам прилично отворена и љубезна со сите, исто како што беше и тој. Тој ме научи на многу работи“, рече вдовицата на Хефнер, додавајќи дека по неговата смрт не знае „што да прави со себе“. Отишла на патување во Африка, и оттогаш патува и размислува само за својот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crystal Hefner (@crystalhefner)

„Сега ми е тешко да излегувам на состаноци, бидејќи Хју Хефнер се однесуваше толку добро со мене, беше полн со почит и беше толку љубезен“, вели Кристал, но открива дека таа сепак започнала нова романса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crystal Hefner (@crystalhefner)

„Сè уште е свежо, заедно летуваме на Малдиви. Многу сме среќни, застанавме и во Египет бидејќи тој е половина Египќанец“, изјави Кристал за нејзиниот нов партнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crystal Hefner (@crystalhefner)

Слични објави

Хороскоп за 22 ноември: Овните ќе ги гризе љубомора, Скорпиите ќе бидат под притисок поради финансиите

Еспресо

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо
Се вчитува....