18.8 C
Скопје
12:07 - 13 април, 2025

(Фото) Вака пред смртта Бојана Јанковиќ зборувала за поранешниот сопруг: Мојата крв…

Српската водителка Бојана Јанковиќ беше пронајдена мртва на 19 април во својот стан во Белград, на 46-годишна возраст.

Бојана зад себе остави две ќерки, кои ги доби во бракот со членот на бендот „Белградски синдикат“, Огњен Јанковиќ.

Нивниот брак завршил во мај 2022 година, по 15 години заеднички живот, тој го напуштил станот во кој живееле, а ниту еден од нив не проговорил јавно за причините за разводот.

Дека и по разводот останале во прекрасни односи и дека еден на друг си биле „ветар на грб“, говори и нејзината изјава од пред неколку месеци додека тој веќе бил во љубов со српската актерка Милена Радуловиќ.

Имено, пред извесно време, точно една година откако се разведе од раперот, Бојана објави негова фотографија и напиша:

„Мојата крв. Мојот брат, моето семејство. Најдобриот татко и најдобриот човек на светот. Мојот поранешен сопруг и најголема поддршка во мојот живот. Добар мој Оги“, напишала тогаш водителката со емотикон на срце.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Jankovic (@_bojaaana__)


Бојана никогаш не проговори за разводот, а Огњен среќата ја најде покрај актерката Милена Радуловиќ.

Нивната врска трае веќе долго време, а тој јавно ја поддржуваше во текот на судењето со учителот по глума Мика Алексиќ. На едно од претходните судења тие за првпат се појавија рака под рака во јавноста.

Инаку, водителката Бојана се прослави во култната емисија на „Пинк“, „Сити“, која ја водеше со својата сестра близначка Ивана. Убавата и шармантна водителка потоа се повлече од телевизијата.

Пријателите, семејството и бројни јавни личности се во шок и неверица поради смртта на убавата Бојана.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Саша Поповиќ сподели објава од семејната вила: Еве кој е нејзината најголема утеха

Еспресо

(Видео) Маја Николиќ ја обои лонгетата во црвена боја: Вака го поминувам 50-тиот роденден!

Еспресо

„Се плашев…“: Тања Савиќ откри каков бил почетокот на нејзината врска со 11 години помладиот дечко

Еспресо

„Бев млада и луда“: Српската пејачка Тина Ивановиќ ги извади силиконите и сега е целосно природна!

Еспресо

(Видео) Милијардер потрошил 100.000 евра на Теа Таировиќ! Пејачката со својот жежок танц го „запали“ Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Риби, изразете му љубов на партнерот, Водолии, соработувајте со колегите!

Еспресо