10.4 C
Скопје
04:20 - 20 октомври, 2026

(Фото) Торта на три ката, конфети и забава до зори: Ќерката на Матиќ имаше незаборавна прослава за полнолетство!

Пејачот Саша Матиќ синоќа приреди незаборавна прослава по повод 18-тиот роденден на неговата помлада ќерка Тара. Семејството организираше луксузна прослава во Белград, а салата беше исполнета со раскош и елеганција. На овој посебен настан се појави речиси целата забавна сцена, со околу 600 до 700 гости кои дојдоа да го разубават моментот.

Гостите уживаа во богато мени и пијалоци, но моментот што најмногу ги воодушеви сите присутни беше тортата што Тара ја избра за својот голем ден, бела торта на три нивоа украсена со природни цвеќиња, која стана централна точка на прославата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam.rs (@24sedam.rs)

Кога тортата беше донесена, салата беше преплавена со конфети додека Тара ги гаснеше свеќите. За прекрасната атмосфера се погрижи Софронијевиќ, кој ги забавуваше сите присутни со хармоника, а забавата траеше до утрото.

Со својот емотивен говор, Саша Матиќ ја отвори прославата и им се заблагодари на сите присутни. Не можеше да ја скрие гордоста и среќата, а зборуваше и зошто одлучил да прослави со стил.

– Прво, дозволете ми да ве поздравам, а потоа да ви се заблагодарам што дојдовте. Нема да одам предалеку со приказната, но ќе кажам неколку работи. Оваа вечер ѝ ја посветувам на мојата ќерка, но и на сите вас. Кога решивме да го прославиме полнолетството на овој начин, тоа беше од две причини. Првата причина е што кога се консултирав со неа за тоа што ќе правиме и како ќе го правиме, ѝ реков да го направи за нејзиното друштво и нејзините најблиски. Сепак, таа потоа ми рече: „А зошто така? Ти напарави прослава за Александра, нема со мене?“. Потоа решив да притиснам гас и да го направам тоа на вистинскиот начин – рече Саша низ смеа, зборувајќи за тоа како неговата ќерка влијаела на големината на прославата.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....