10.8 C
Скопје
22:48 - 3 април, 2026

(Фото) Теа Таировиќ на полноќ ја соблече венчаница, а облече црвен фустан: Еве која е симболиката на тој чин

Српската фолк пејачка Теа Таировиќ вчера му се заколна на вечна љубов и верност на својот партнер Иван Вардај.

Според зборовите на нејзината мајка, водителката Божица Малешевиќ, нејзината ќерка не се оптоварувала со обичаи, туку решила да испочитува еден од Војводина.

Тој обичај се однесува на носење црвен фустан на сопствената свадба.

Така, по носењето на величествената венчаница, Теа се пресоблекла во црвена тоалета, а многумина се прашуваат што значи овој чин.

Имено, бидејќи црвената е боја на љубовта, обичаите во Војводина налагаат невестата да се пресоблече во црвена облека околу полноќ, бидејќи, според верувањето, тој чин им носи многу среќа и љубов на младенците во нивниот заеднички живот.

Фолкерката Теа Таировиќ вчера го кажа судбоносното „да“.

Вечерта, Теа и Ивана ја исекле свадбената торта, која се протегаше на четири ката, пред многуте гости.

Сето ова било заокружено со величествен огномет на небото над гостите.

Според единствениот војводински обичај што одлучи да го испочитува, Теа се пресоблекла во црвен фустан долг до подот.

Фотографиите и видеото можете да ги погледнете – ТУКА.

 

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....