08:50 - 5 ноември, 2026

(Фото) Тања Савиќ се соблече! Прекрасните облини во преден план, костимот за капење е шлаг на тортата!

Српската пејачка Тања Савиќ не се оптоварува со напорни тренинзи за да ја затегне фигурата, туку гордо ги истакнува своите облини.

Тања отсекогаш важела за една од најубавите дами од јавната сцена, негувајќи природен изглед.

Таа е една од ретките кои не подлегнаа на трендот на естетски зафати, а и покрај тоа гордо го истакнува својот изглед.

На социјалните мрежи се појави фотографија од Тања Савиќ во костим за капење, а моделот што таа го избрала особено им се допадна на дамите со облини.

Нејзината нова фотографија во костим за капење ги запали социјалните мрежи.

Тања Савиќ избрала костим за капење во виолетова нијанса кој ѝ ласка на фигурата на жени со облини од две причини.

Засилениот горен дел држи сè на своето место, а длабокиот долен дел налик на шорцеви го покрива и стомакот и сите несовршености на бутовите.

Тања нема ниту грам шминка на себе на фотографијата, туку во сосема природно издание лежи на лежалката, па комплиментите за нејзиниот изглед се нижеле во недоглед.

Потсетуваме, Тања Савиќ неодамна одржа гала прослава по повод својот 40-ти роденден, а пред камерите призна дека најголема желба ѝ е да му подари дете на својот партнер Муки.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 5 ноември: Скорпиите треба сериозно да се посветат на работата

Еспресо

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо
Се вчитува....