06:02 - 10 февруари, 2026

(Фото) Супермоделот од 90-те Полина Поризкова му одговори на пластичен хирург кој понуди да ги исправи нејзините „несовршености“

Полина Поризкова, која во април наполни 57 години, објави една од своите фотографии на Инстаграм како одговор на извесен познат пластичен хирург кој го анализирал нејзиното лице откривајќи ѝ несовршености и ѝ дал предлози како да ги поправи. Супермоделот му одговори на специјалистот на социјалните мрежи.

– Мислев дека изгледам одлично на оваа фотографија, а пластичниот хирург реши детално да разговара за тоа што можам да поправам. Вдлабнатините под образите може да се пополнат со филери, ботокс може да се инјектира во челото, може да се отстранат и наборите и брчките на вратот, со што мојата кожа ќе биде помека и поеластична. Со ова треба да се соочат зрелите жени пред сите други. Ми велат дека моето лице треба да се „среди“. Годините го направија некако „не така“ како што беше. Не е ни чудо што повеќето од нас кои имаат можност брзаат да го поправат она што некој друг мисли дека е уништено, објаснува супермоделката од 90-те.

Поризкова, која отворено се противи на стареењето, призна дека поради својата професија прибегнала кон неинвазивни методи за убавина, но нагласи дека во секој случај никој нема право да ѝ каже на жената што треба да направи за да изгледа привлечно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

– Без разлика дали се работи за боја на коса, шминка, креми, облека или, уште повеќе, некаква инјекција. Така ја срамите. Секој пат кога ќе се чувствувате дека сакате да ѝ кажете на вашата пријателка: „Знаеш, треба да…“, престанете за секунда. Дали ќе биде помош ако не ви биде побарана оваа помош? Подобро е да забележите што ви е убаво во изгледот на вашите пријатели и да го кажете тоа. Најдобар начин да поддржите друга личност е да пофалите за доброто што веќе го има, вели Полина.

Претходно, во јули, Полина Поризкова беше глано лице (и тело) на новата кампања на американскиот моден бренд La Ligne. На некои слики таа позираше топлес или во костим за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Слични објави

„Две години се молев да забремени“: Емотивна исповед на пејачката Инди за сестра ѝ Едита и нејзиниот партнер

Еспресо

Нина Бадриќ со емотивна порака до својата публика: „Ми рекоа дека тоа е тешка работа, дека не се исплати …“

apostolova

Поранешниот на Цеца ужива во љубовта со убавата мисица: „Тој ми ја врати вербата во мажите“

Еспресо

Вака Небојша Глоговац ги помина последните часови од животот: „Се шегуваше со сопругата, а потоа одеднаш му се слоши“

Е.А.

Неочекувано изненадување: Оженетиот дечко на Милица Тодоровиќ ѝ испратил трубачи пред зграда?

Еспресо

Милица Тодоровиќ брутално „нападната“: Јавноста во шок, ја преживеа најтешката борба

Е.А.
Се вчитува....