02:50 - 12 октомври, 2026

(Фото) Спомени што не избледуваат — обожавателка објави фотографии од Тоше Проески од концертот во Охрид во 2006 година

Речиси две децении по прераната смрт на Тоше Проески, спомените од неговите концерти и денес будат силни емоции кај публиката.

Еден таков спомен сподели неговата обожавателка Ема Тодоровска, која објави фотографии и видеоснимки од настапот на македонската музичка ѕвезда во Античкиот театар во Охрид, одржан на 9 август 2006 година.

Фотографиите се направени на филм, во време кога секој кадар внимателно се одбираше, а резултатот можеше да се види дури откако фотографиите ќе бидат изработени. Токму затоа, Тодоровска со посебна емоција се присети на моментот кога првпат ги видела фотографиите од концертот.

„Мојата гледна точка пред 20 години на концертот во Антички театар, Охрид.

Исто така — имаш само 36 пози на филмот, сликаш, а не знаеш што. Одиш во студио, врескаш од среќа бидејќи си фатила вакви кадри“, напиша Ема покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ema Todorovska (@todorovskaema)


На споделените фотографии Тоше е забележан на сцената во различни моменти од концертот, додека пред него е бројната публика која ги пееше неговите хитови.

Тодоровска објави и видеоснимки од вечерта, едноставно наведувајќи го датумот и местото: „09.08.2006, Антички театар Охрид“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ema Todorovska (@todorovskaema)


Ова не е единствениот спомен од Тоше што таа го сподели со своите следбеници. Во јуни објави и фотографии поврзани со неговиот голем солистички концерт на Градскиот стадион во Скопје, одржан на 23 јуни 2006 година.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....