10.8 C
Скопје
20:33 - 14 март, 2026

(Фото) Синот на Тамара Тодевска наполни 6 години: „Ти си нашето златно дете, а и блесав си за медаља“

Симпатичниот Дарен, синот на пејачката Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски – Мачка, денеска полни шест години.

По тој повод, музичката ѕвезда објави неколку семејни фотографии со кои му го честиташе роденденот.

„Среќен роденден љубовче мамино. Не можеш ни да замислиш колку те сакам. Остани така сладок и шеќерен засекогаш. Ти си нашето златно дете. Хана е најсреќна што те има баш тебе за нејзин брат. А и блесав си за медаља. Денес е твој ден. Биди ми здрав и жив“ – ова се слатките пораки кои Тодевска ги напиша на секоја од фотографиите.

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Дарен доби честитка и од архитектот Лука Радовиќ, кој е во љубовна врска со Тодевска нешто повеќе од една година.

„Мал голем човеку, среќен роденден! Секогаш да сме вака насмеани и мускулите, конечно, да ти пораснат“, напиша Радовиќ на својата инстаграм-сторија.

Фото: Инстаграм/Лука Радовиќ

Да потсетиме, Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски – Мачка стапија во брак во 2015 година, а минатата година ја објавија веста дека се разделуваат. Тие имаат две деца – седумгодишната Хана и петгодишниот Дарен.

Сега е во врска со архитектот Лука Радовиќ.

„Спонтаноста, едноставноста, позитивната енергија се секогаш особините што ме привлекувале… Лука е многу внимателен и посветен. Оттука, јасно е зошто добро функционираме“, раскажа пејачката во интервју за „Слободен печат“, одговарајќи на прашањето: „Со што те освои Лука?“.

Слични објави

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо
Се вчитува....