10.8 C
Скопје
00:33 - 4 април, 2026

(Фото) Северина ја „запали“ сцената во црвени хеланки-чевли кои чинат 2.250 евра

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ во саботата (14 септември) имаше настап во словенечкиот град Илирска Бистрица, каде го привлече вниманието со својата необична модна комбинација – црвени хулахопки-чизми од брендот „Баленсијага“ и бела маичка со логото на тимот на Канзас Сити чифс.

Инаку, таа не настапила во Илирска Бистрица цели 26 години.

„Илирска Бистрица, добра вечер. Не сме се виделе 26 години“, порача пејачката во описот на видеото.

Фото: Инстаграм/Северина

Северина сподели неколку фотографии и видеа од настапот, а објави и фотографии од впечатливата комбинација за која доби бројни позитивни коментари.

„Каква линија, секоја чест“, „Севе, презгодна си!“, „Преубава“, „Кралица“, „Те сакаме“, се дел од коментарите.

На официјалната веб-страница на „Баленсијага“ пишува дека овој модел на чизми чини 2.250 евра.

Фото: Инстаграм/Северина

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....