34.8 C
Скопје
19:47 - 22 август, 2026

(Фото) Се ожени популарниот пејач: На прославата Мина Костиќ и Каспер ја објавија својата венчавка

Небојша Кострешевиќ, попознат како Неша Твинс денеска се ожени во строга тајност. Тој успеал да скрие еден од најважните моменти во својот живот од очите на јавноста и целосно да ја зачува својата приватност.

Тајната венчавка се одржала веднаш по церемонијата во црквата Свети Лука, каде што двојката се заколнала на вечна љубов пред олтарот, пишува „24 седам“.

Како што понатаму се наведува, свадбената прослава се одржала во еден од елитните белградски ресторани, со присуство на семејството, пријателите и најблиските соработници со кои го слават почетокот на заедничкиот живот.

На прославата присуствуваат околу 200 гости.

Неша ја потврдил информацијата дека денеска се венчал.

– Ви благодарам од срце за прекрасните желби. Денеска мојата сопруга и јас сме пресреќни, исполнети и благодарни што го споделивме овој момент со најблиските. Сакавме денеска нашата љубов да биде во прв план, а ќе има можност да зборуваме за тоа во идниниот период – порачал Неша за споменатиот медиум.

На свадбата присуствуваат и Мина Костиќ и нејзиниот партнер Мане Ќурувија – Каспер, кој објави и фотографија од венчавката на Неша.

 

– Ни се ожени и нашиот Неша. Следен знаете кој е на ред – напишал Каспер на Инстаграм со фотографијата.

За потсетување, Каспер неодамна откри дека тој и Мина работат заедно на подготовката на нејзиниот нов албум:

– Завршивме дури 13 нови песни што ги напишав – рекол Мане, а Мина ги потврдила неговите зборови и ѝ најавила на публиката микс од балади и брзи песни.

 

Слични објави

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Еспресо

(Фото+видео) Јаков Јозиновиќ објави фотографии од летувањето: „Најдобар одмор досега, со пријатели“

Еспресо

(Фото) Рушка Јакиќ го покажа своето лице без шминка во деветтата деценија од животот

E.A.

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ го оперираше носот?

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ блеска после одморот со својот партнер Лазар Ристовски – актерката се пофали со промената на изгледот

Еспресо

„Најважно ми е да имам време за моите деца“: Ребека Јанковска-Ристески за луѓето што остануваат и моментите што се скапоцени

Еспресо
Се вчитува....