9.8 C
Скопје
09:11 - 23 март, 2026

(ФОТО) Прв јавен настап на принцот Хари по раѓањето на Лилибет

Принцот Хари првпат беше виден во јавноста по раѓањето на неговото второ дете Лилибет, учествувајќи во добротворен поло натпревар.

Војводата од Сасекс изненадувачки настапи на натпреварот што се одржа во Аспен минатиот четврток, 19 август, за да собере средства за неговата добротворна организација. Хари отсекогаш учествувал на добротворни натпревари.

Облечен во тиркизна кошула и бели панталони, Хари се насмевнуваше додека се качуваше на седлото, само неколку часа подоцна откако неговите адвокати испратија правни известувања до британските весници со кои негираа дека тој и неговата сопруга Меган Маркл „повторно отвориле расправија“ со неговата баба, Кралицата Елизабета.

Инстаграм

Правниот тим кој работи за Сасекс во Обединетото Кралство, во четвртокот нагласи дека е „клеветнички да се тврди дека двојката предизвикала поголема напнатост во кралското семејство“, додавајќи дека тврдењата на авторите на книгата, Омид Скоби и Каролин Дуранд (книгата Finding Freedom е напишана од двајца американски репортери без вмешаност на Хари и Меган) се целосно лажни.

Пред неговиот натпревар во поло, Хари објави дека ќе донира 1,5 милиони долари во добротворни цели: „Ова е една од неколкуте донации што планирам да ги дадам за добротворни цели и благодарен сум што можам на овој начин да им помогнам на децата и заедниците кои имаат голема потреба од помош“.

 

Слични објави

(Фото) „Ме замоли да го направам тоа, ветив, не знаев…“ Дарко Лазиќ сподели трогателна објава за својот покоен брат Драган

Еспресо

Хороскоп за 23 март: Вагите ќе поттикнат креативна љубопитност, Стрелците ќе ги контролираат емоциите

Еспресо

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо
Се вчитува....