4.8 C
Скопје
04:55 - 2 октомври, 2026

(Фото) Папараците за првпат го фотографираа едногодишниот син на 84-годишниот Ал Пачино: Ист како тато

Филмската продуцентка Нур Алфала, која е во врска со 84-годишниот актер Ал Пачино и го роди синот Роман пред 14 месеци, била забележана како го држи момчето за време на прошетка во Лос Анџелес, пишува Дејли мејл. За прв пат, папараците успеаја да го фотографираат лицето на бебето, кое Нур го сокри од љубопитните очи.

За прошетката, Нур носеше црна маичка и спортски панталони, додека нејзиниот син беше облечен во бела маича и сини шорцеви. До нив не беше Ал Пачино.

фејсбук

 

Одвреме-навреме во печатот се појавуваат гласини за прекин или продолжување на романсата помеѓу 30-годишната Нур и нејзиниот постар љубовник. Кога новинарите ја прашале продуцентката минатиот ноември дали се гледа себеси во брак со таткото на нејзиниот син, таа одговорила дека „не е тип на девојка за мажење“.

За возврат, Ал Пачино, по раѓањето на Роман, се согласил да ѝ плаќа на Нур, која е родена во Кувајт и израсната во Беверли Хилс, 30 илјади долари месечно за издршка.

Нур го задржува целосното физичко старателство над нејзиниот син, но го дели законското старателство со актерот. Според договорот, Пачино ќе придонесува годишно со 15.000 долари во фондот на колеџот за неговото најмало дете. Мајката само еднаш го покажала бебето пред камера. Нур позираше со својот син за арапски Вог, нарекувајќи го најдобриот подарок од Бога. Колку добила за ексклузивните снимки не се соопштува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Arabia (@voguearabia)

Ал и Алфалах, кои го вбројуваат оскаровецот Брајан Грејзер меѓу нивните заеднички пријатели, беа романтично поврзани во април 2022 година. Алфалах е позната по својата наклонетост кон постарите мажи. Таа се забавуваше со 81-годишниот фронтмен на Ролинг Стоунс Мик Џегер во 2017-2018 година и со 62-годишниот милијардер инвеститор Николас Бергруен во 2018 година.

Роман е четврто дете на Пачино, кој ја има ќерката Џулија (34) со актерската тренерка Џен Тарант и 23-годишните близнаци (Антон и Оливија) ​​со номинираната за Еми, Беверли Д’Анџело. Меѓу оние со кои актерот се забавувал се Дајан Китон, Џил Клејбург, Пенелопе Ен Милер, Кетлин Квинлан, Линдал Хобс и Лусила Сола. Сепак, Ал Пачино никогаш не бил оженет.

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....