19:27 - 12 август, 2026

(Фото) Нина Бадриќ се сликаше боса во Меѓугорје: „Каде и да одам, јас сум ѝ благодарна на Мајката за животот што го живеам“

По летните денови исполнети со сонце и дружење на Ибица, хрватската пејачка Нина Бадриќ му се врати на местото каде што, како што самата вели, го наоѓа мирот – Меѓугорје.

Во ова херцеговско село, кое важи за едно од најзначајните католички ходочаснички дестинации во светот, Бадриќ се фотографираше боса.

„Оди каде и да сакаш, но над сè – благодарност до Мајката за животот што го живеам“, напиша пејачката на својот профил на Инстаграм, споделувајќи фотографија од дворот на светилиштето.

Нина Бадриќ не крие дека вербата ѝ е водилка во животот. Во претходни интервјуа изјавила дека Меѓугорје е местото каде што го пронашла својот „најдобар пријател“ – Бог.

„Секогаш се држам до Бога и си велам: без Него – ни преку улица. Тоа се покажа како моја добитна комбинација“, изјавила таа за магазинот „Ин“.

Меѓугорје, во светот препознаено по наводните појавувања на Дева Марија кои започнале во 1981 година, секоја година привлекува околу милион католички верници од целиот свет. Централно место на собирање е црквата „Свети Јаков“, сместена во срцето на ова тивко, но духовно силно село. Токму таму, верниците од сите континенти, боси или со солзи во очите, доаѓаат да се помолат, да побараат надеж, или едноставно да се вратат кон себе.

Фото: Инстаграм/Нина Бадриќ

Слични објави

Слоба Радановиќ повторно покажа големо срце: Донираше 2.000 евра за семејства од Газивода кои останаа без домови

Еспресо

Бојана Скендеровски: Привилегија е да се пее песна од големата Сашка Петковска

Еспресо

(Фото) Марија Микиќ го доведе телото во топ форма по разводот – заводливо позираше во минијатурно бикини

Еспресо

(Фото) Николина Пишек во тигресто бикини покажа неверојатно тело на 53 години: Водителката изгледа подобро од кога било 

Еспресо

(Фото) Неда Украден откри со кого ужива да ги поминува летните вечери – „Нема подобро“

Еспресо

(Фото) Јелена Томашевиќ на плажа во црно бикини: Сонцето, морето и јас

Еспресо
Се вчитува....