16:58 - 24 ноември, 2026

(Фото) Николина Пишек во тигресто бикини покажа неверојатно тело на 53 години: Водителката изгледа подобро од кога било 

Хрватската водителка Николина Пишек го искористи летниот одмор за да се релаксира на море, а нејзините објави на социјалните мрежи ги оставија сите без зборови.

Убавата Хрватка неодамна се врати од Италија, а сега повторно отиде на море, каде што позираше во тигрест костим за капење.

Николина покажа завидна фигура на 53 години, а во преден план беа нејзиниот рамен стомак, витки нозе и извајано тело.

Инаку, Николина ја одржува својата линија со редовни вежби на пилатес реформаторот, но и вежба и во терерана.

Ова се исклучително тешки вежби кои бараат многу труд, но ефикасно го затегнуваат целото тело.

Иако има совршена фигура, Николина признава дека не се оптоварува премногу со храната и понекогаш јаде „баш многу“. Нејзините навики во исхраната се донекаде нередовни, а појадокот го прескокнува затоа што, како што вели, не стигнува да јаде наутро поради обврските и брзањето.

Николина целосно го елиминирала месото од исхраната, па затоа мора да ги компензира протеините на други начини. Нејзиното мени се базира претежно на голема количина зеленчук, а редовно консумира колаген. Како пример за идеален и лесен оброк – кој го нарекува „дивотица“ – Николина наведува тенок омлет исполнет со сирење и спанаќ, послужен со многу зелена салата.

 

Слични објави

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.
Се вчитува....