16:27 - 2 април, 2026

(Фото) Морничаво искуство на Инди: Пејачката сподели вознемирувачки снимки од патување!

Пејачката Инди Арадиновиќ, како и повеќето нејзини колеги во овој период, е целосно посветена на настапите и често патува. Како што е вообичаено, престојува по хотели, очекувајќи нормални услови и пристојна хигиена. Но, според снимките и фотографиите што ги сподели на Инстаграм, наместо мир и чистота, пејачката доживеала вистински шок.

Таа се огласи од хотел во Германија и покажа во какви услови била сместена – валкан и правлив тепих, валкано под креветот и неподнослива нечистотија што ја вознемирила до тој степен што едвај останала таму неколку часа.

– Прашина и нечистотија поради кои не можам да заспијам, смрди и ми влегува во нос и бели дробови, ме чеша цело тело. Дури и увото ми се воспалило од валканото! Ретко се случува вакво нешто, но се случи. Ова е креветот на кој лежев. Не можам да дишам, а камоли да спијам. Толку смрди што имам чувство дека ќе се задушам – напиша таа во објава.

Фото: Скриншот

Потоа објави и снимка откако го напуштила хотелот, покажувајќи каде се наоѓа и во какви услови престојувала, додавајќи:

– Погледнете што искашав утрово. Подобро ќе беше на овој камен да спиев… Во шок сум што поминав три-четири часа во тој простор и како сега се чувствуваат моите дробови. Запомнете го овој хотел и не влегувајте таму, без разлика каде сте. Кога е итно – прифаќаш што ќе стигне, но ова… Ве молам, верувајте – белите дробови сега ме болат.

Кога малку се смирила, Инди објави и видео од базен, најверојатно од многу подобар сместувачки капацитет, и порача: „По таков хотел, навистина заслуживме малку уживање“.

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....