06:06 - 11 ноември, 2026

(Фото) Малиот Крстан е копија на Цеца: Среќната баба објави слика од најмалиот член на семејството Ражнатовиќ

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ често споделува интересни моменти од семејниот дом, а сега објави слатка фотографија од внукот Крстан Ражнатовиќ и ги воодушеви следбениците.

Имено, малото момче лежело на креветот, а во моментот кога Цеца го фотографирала почнало да се смее. Таа веднаш го забележала убавиот момент и го објавила на Инстаграм, а малечкиот, како што пишуваат нејзините обожаватели во коментарите, на многумина им го разубавил денот.

„Најслаткото нешто што сум го видел денес“, „Малиот е меден“, „Душенце“… се само дел од коментарите.

„Љубов моја, Крстан…“ напиша ЦЕЦА ВО ОПИСОТ НА ФОТОГРАФИЈАТА.

Фото: Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Како потсетување, Крстан е вториот син на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, кои се родители и на тригодишниот син Жељко.

„Речиси 4200 грама, 54 сантиметри долг. Убав, светол, најубав! Како можам да се чувствувам? Можам да полетам. Многу сум среќен, ова е благослов од Бога. На денешен ден беше роден и мојот покоен сопруг, а денес е и Крстан. Нека му е со среќа. Вториот ден од Велигден. Сè убаво што можеше да се случи, се случи“, изјави Цеца по раѓањето на Крстан.

(Фото) Со труднички стомак во гламурозен фустан со деколте: Цеца покажа како изгледала додека била бремена со Анастасија

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....