8.8 C
Скопје
11:37 - 1 април, 2026

(Фото) Мадона и Малума, нова врска на повидок? „Хемијата меѓу нив е луда, зафатени се еден со друг“

Кралицата на попот Мадона и реге ѕвездата Малума се „неверојатно блиски“ додека ја подготвуваат својата претстојна светска турнеја. Според упатените, Мадона и Малума имаат одлична хемија меѓусебно која многумина можат да ја видат и на пробите.

Извори блиски до „Радар Онлајн“ тврдат дека откако почнале да ја планираат својата турнеја двајцата се зближиле толку многу што секој момент го поминуваат заедно.

„Тие се толку блиски и толку зафатени еден со друг – толку многу што другите луѓе решија да ги остават сами за да продолжат со се што им се случува“, тврди изворот.

И иако многу медиуми се фокусираат на нивната разлика во години, изворот од зад сцената може да каже дека нивната „хемија е луда“.

„Тие поминаа неколку дена заедно за време на пробите каде што започна флертувањето – луѓето мислат дека е веројатно тој да настапи на јужноамериканскиот дел од нејзината турнеја бидејќи таму е ѕвезда  – а потоа се дружеа цел викенд во Њујорк. Изгледаа неверојатно зближени и нивната хемија е луда“, тврди инсајдерот.

Пријателството на Мадона со пејачот на хитот „Хаваи“ започнало во 2018 година кога таа му се претстави на доделувањето на музичките видео награди на MTV.

Инсајдерот објасни и дека Мадона објавила видео од неа со Малума на нејзиниот Инстаграм профил. „Таа му дава голем бакнеж пред другите танчери, изгледа дека се многу интимни“.

Во друго видео постирано на социјалните мрежи пак, се гледа како Мадона пее додека ужива во друштво на пејачот од Колумбија.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....