18.8 C
Скопје
15:05 - 20 април, 2024

ФОТО: Кој смее, а кој не смее да биде инфлуенсер: Миа, Александра и Јелена се жалат дека не им е лесно!

Изминатите денови на социјалните мрежи се крена голема врева поради настанот „influencerawards“ кој го организира списанието „Убавина и здравје“. Поточно ова е втора година каде ќе се избираат највлијателните инфлуенсери во нашата земја.

Во изборот беа номинирани многу инфлуенсери, кој со повеќе, кој со помалку „следбеници“. Меѓу номираните не се најде водителката и инфлунесерка Миа Костова, но за тоа пак таа преку социјалните мрежи го „нападна“ овој избор, а причина за тоа беа номираните инфлуенсери.

Според водителката, организаторите кои го организираат настанот, без некои посебни критериуми избрале десетици инфлуенсери кои според неа не заслужуваат да се наречат инфлуенсери…

После оваа нејзина реакција, дел од номинарите на изборот се откажаа од понатамошно натпреварување, со образложение дека не заслужуваат да бидат на листа со некој кој не е инфлуенсер…

Кој смее, а кој не смее да биде инфлунесер и дали има лојална конкуренција во тој свет, ја прашавме токму Миа Костова.

– Јас не сум таа која што кажува кој смее, а кој не смее. Сите млади девојчиња имаат желба да се инфлуенсери. Но, инфлуенсер не е само добра слика на добра локација. Инфлуенсер е некој на кој што поголем дел од следачите му веруваат на препораките, му го сакаат стилот на живот, карактерот, начинот на кој се носи со предизвиците и одат да купат нешто што го виделе на „стори“ затоа што знаат дека го виделе кај некој на кого му веруваат и делат сличен вкус и мислење. Ако немаш фидбек од профилот на Инстаграм преку соработки и луѓе кои ти пишуваат постојано, а не ги познаваш, тогаш не си инфлуенсер и се сликаш од кеиф и тоа не се развива понатаму. Купени 20К следбеници немаат фидбек. Ете тоа се моите критериуми – вели познатата водителка и инфлуенсерка.

Миа признава дека во последно време има повеќе профили кои вистински водат грижа за изглед, содржина и се комплетно посветени. Таа вели дека место има за сите и дека има лојална конкуренција, меѓутоа таа не е голема.

Ја прашавме од што се заработува повеќе, од работа како тв-лице или инфлуенсерство. Нејзиниот одговор беше како од пушка.

– Без размислување од инфлуенсерство! Во мојот случај едно пет пати повеќе. Ако работиш секако, затоа што колку да ги потценуваат дека е ‘едно обично сликање’, воопшто не е така – објаснува Костова.

Мислење на оваа тема побаравме и од една од најпознатите модни инфлуенсерки или ако сакате и блогерки, битолчанката Александра Шијакоска. Таа важи за една од најпочитуваните во светот наречен – инфлуенсерство.

Исто и како Миа и Александра вели дека ова што го прават не е воопшто лесно и едноставно. Таа смета дека инфлуенсерството е исто така и одговорност, особено кога ве следат и помладите.

– Денес може буквално секој да биде што сака на социјалните мрежи. Ако мислам дека добро ми оди со мода, нега на лице, готвење или билo што друго едноставно си го правам профилот personal blog, blogger, cooking или слично и почнувам со работа. После тоа следува потешкиот дел. Треба да потрошите години труд за конечно да ви се исплати. И тогаш ќе се прашувате дали вреди за трудот кој сте го вложите. Инфлуенсерството не е добивање работи for free, одговорни сте кон луѓето кои ве следат, особено кога станува збор за помладите, вистинскиот инфлуенсер го носи товарот на тоа дали е добар пример. Секој може да биде што сака, но не секој може да влијае на одредена група на луѓе. За да одредена група на луѓе верува во тебе ти треба да им го докажеш тоа. Тоа можеш да го постигнеш само со искреност. Верувајте луѓето го препознаваат тоа. Нема потреба да бидете совршени или како некој друг. Бидете си свои, тоа е клучот за секој напредок – ни изјави Шијакоска.

Според неа, на „пазарот“ на инфлуенсерството постои нелојална конкуренција.

– Ако некаде има нелојална конкуренција, тоа е на социјалните мрежи. Не би сакала да навлегувам во детали но да тргнеме од тоа што за 10 к некој мора да работи три години, а некој може да си ги купи во еден ден. Тука е и неинформираноста на некои од фирмите и брендовите со кои соработуваме па прво ја гледаат бројката на следачи која реално не значи ништо – вели Шијакоска.

Мислење на оваа тема побаравме и од познатата водителка Јелена Спенџарска, која исто така веќе неколку години се декларира или пак другите ја декларираат како инфлуенсерка.

Исто како и Миа  и таа вели дека повеќе заработува како инфлуенсер, отколку со работата како водителка.

– Во мојот случај сакам да истакнам дека овие две работи ми се многу поврзани. Мојата прва работа е работата во телевизија и токму тоа ми донесе многу брендови за работа на социјалните мрежи. Плус, можам да си ги комбинирам и двете во едно. Да речеме, повозрасната публика ја имам на тв, а помладата на инстаграм и фејсбук и точно знам одреден производ каде повеќе да го нагласам. Секако дека повеќе се заработува како инфлуенсер – ни изјави Спенџарска.

За Јелена нема конкуренција, бидејќи секој си е оргинален на свој начин и дека неопходно е да бидеш разлечен ако сакаш да го работиш ова.

– Велам нема зашто од моја перспектива тие неколку вистински инфлуенсери кои ги знам си ја гледаат својата работа, доста вложуваат во неа и коректни се кога ќе се сретнете, многу сакам културни луѓе. Другите или копираат со мали измени или намерно имаат контра став за нешто само колку да привлечат внимание ден или два – објаснува познатата водителка.

Ако ја прашате кој смее, а кој не смее да биде инфлуенсер, таа вели дека најважни е да се има став и да се биде народен човек…

– Не следам ликови кои само се сликаат или преку слика нешто рекламираат. Сакам да те слушам, да ти ги гледам гестовите на лицето и телото додека се соживуваш со она кое го кажуваш, да ме освоиш со енергијата.  Ако ја нема таа магија, тешко дека илјадници луѓе ќе одат да го купат истиот шампон кој го рекламираш. Да, енергија е вистинскиот збор. Мораш да ја имаш, да зрачиш и таа сама по себе ќе ги ‘купи’ луѓето на твојот профил да кликнат follow – објаснува познатата водителка.

Слични објави

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо
Се вчитува....