2.8 C
Скопје
22:31 - 22 февруари, 2025

(ФОТО) КОЕ Е ПРЕБОГАТОТО МОМЧЕ НА ЌЕРКАТА НА ОБАМА: Сè што не знаете за него!

Малија Обама, најстарата ќерка на поранешниот американски претседател, е во врска со Рори Фаркхарсон од 2017 година. Ајде да откриеме се за него…

Двете ќерки на поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел, Малија и Саша, отсекогаш успевале елегантно и интелигентно да управуваат со медиумското внимание и за време и после претседателската кандидатура на нивниот татко.

Јавниот интерес за младите жени отсекогаш бил многу голем, како и на луѓето кои се околу нив без разлика дали се членови на семејството, или пријатели, момчиња…Токму поради оваа причина, врската помеѓу Малија Обама (23) и Британецот Рори Фаркхарсон не помина незабележано.

Малија Обама и Рори Фаркхарсон за прв пат беа видени заедно во 2017 година на фудбалски натпревар (Харвард против тимот на Јеил), и оттогаш се неразделни. Тој е британски студент на Харвард, каде што и Малија учи, и потекнува од богато семејство: неговиот татко, Чарлс Фаркхарсон, е извршен директор на Insight Management Limited, компанија со седиште во Лондон, а неговата мајка, Кетрин, е сметководителка во Врховниот суд во Лондон. Семејството Фаркхарсон поседува дом со 6 спални соби, во вредност од 2,2 милиони долари во Вудбриџ, Сафолк.

Инстаграм

Кој е Рори?

Рори е поранешен рагби играч и постуваше престижната школа за рагби во Ворвикшир; во 2015 година тој беше фотографиран покрај принцот Хари при еден рагби натпревар.

Роден е на 18 јули 1998 година, отсекогаш бил љубител на спортот и бил дел од средношколскиот тим за рагби и голф, како и член на хемискиот клуб наречен „The Blue Bunsen Society“. Т

Рори бил многу популарен на училиште, толку многу што помеѓу 2015 и 2016 година бил избран за студентски претставник на училиштето. Во 2017 година се запишал на Харвард за да студира право и таму ја запознал Малија; се очекува двајцата да дипломираат заедно оваа година. Според „Сан“, Рори во текот на летото работел и како практикант во Центарот за демократија и мир во Северна Ирска.

Заедно и во „карантин“

Малија и Рори беа забележани неколку пати во и околу Њујорк во изминатите две години, присуствуваа на музички концерти во Париз и беа видени заедно со Мишел и Саша Обама; сепак, тие се обидуваат да останат подалеку од очите на јавноста што е можно повеќе.

Минатата година, на почетокот на пандемијата, Рори беше во домашна изолација заедно со девојката, поточно заедно со семејството Обама, не можејќи да се врати во Лондон поради ограничувањата.

За време на гостувањето во подкастот на Бил Симонс, Барак Обама откри дека Рори е „прекрасен млад човек“.

 

 

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....