23:42 - 6 април, 2026

ФОТО | Кое е новото момче на Цеца: Син на поранешен спортист и политичар, угостител и татко на малолетна ќерка

Instagram

Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) е во врска со Богдан Срејовиќ (38), за што сведочат и заедничките фотографии што вчера ги преплавија регионалните медиуми. Она што е интересно е дека таткото на новото момче на фолкерката е поранешен познат спортист – Милош Срејовиќ.

Имено, таткото на Богдан, Милош Срејовиќ е поранешен успешен спортист во дисциплината трискок, а притоа има освоено и златен медал на Европското првенство во Прага во 1978 година.

Instagram
Instagram

Поради повреда, тој ја прекинал својата спортска кариера на дваесет и пет години. Завршил економски факултет и е член на Менс. Се занимавав и со политика во 1994 година, кога станал и помошник министер за спорт.

Срејовиќ Јуниор, или попознат како Богдан, а сегашен партнер на вдовицата на Аркан, работи во угостителска дејност многу години, а според српските медиуми, тој е управител на неколку „елитни“ ресторани во Белград.Прочитајте и…  Како ќе изгледа инаугурацијата на Џо Бајден? Том Хенкс ќе ја води специјалната емисија

Instagram
Instagram

Зад себе има брак. Порано бил во емотивна врска со сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана Тасовац. Богдан е разведен веќе 5 години, а од тој брак има малолетна ќерка.

Facebook
Facebook

Според близок извор на парот, средбата на Цеца и Богдан Срејовиќ се случила на роденденот на една пријателка на пејачката, а по неколку недели дружење, двајцата започнале романтична љубовна врска.

Instagram

„Првата средба меѓу Цеца и Богдан се случи на роденденска вечера во ресторан во Белград. Потоа тие се сретнаа уште неколку пати преку заеднички пријател. На самиот почеток, двајцата ја криеја врската и се движеа само меѓу најблискиот круг на пријатели. Сепак, од Нова година тие започнаа да се појавуваат заедно на јавни места, за што сведочат и овие папарацо – фотографии направени во еден белградски ресторан. Пред тоа, парот беше виден и на Јахорина, каде уживаа во зимската магија во друштво на блиски пријатели “, открива извор кој е близок на парот.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....