11.8 C
Скопје
11:06 - 28 октомври, 2026

ВИДЕО | Џефри Стар: „По озборувањата за Канје Вест, ми се додворуваат рапери“

YouTube / Printscreen

По ширењето на бизарната теорија дека „јутјуберот“ Џефри Стар е виновен за распадот на бракот на раперот Канје Вест и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, неговите социјални мрежи се преполни со пораки, па токму затоа Џефри реши да одговори на овие приказни. За време на неговото претставување, Џефри Стар се пофали дека разни рапери го „бомбардираа“ со комплименти по оваа наводна афера.

За почеток Џефри Стар објасни дека тој никогаш не бил во никаква врска со раперот Канје Вест.

– Дефинитивно не спијам со него, но бројот на рапери кои ми се јавуваат е неверојатна. Време е за снимање на хит-песна во кревет, рече на шега Џефри, пишува „Mirror“.

Се чини дека Џефри не е заинтересиран за раперите , бидејќи по таа изјава им призна на своите следбеници дека се подготвува за состанок со полицаец.

– Подоцна одам на друг состанок со момче. Тој е полицаец и има најубави зелени очи, откри Џефри со видеото.

Да потсетиме, кога тие започнаа да го поврзуваат Џефри со Канје, тој изјави дека тие никогаш не се дружеле и дека раперот не е негов тип, бидејќи тој лично сака „многу високи мажи“.

Приказната за оваа наводна афера ја започна корисникот на „TikTok“, Ава Луиз, која претходно стана позната по песната „Skinny Legend Anthem“.

Слични објави

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо
Се вчитува....