8.8 C
Скопје
11:58 - 1 април, 2026

(Фото) Ќерките на Џеј Рамадановски пристигнаа на настанот организиран во негова чест: Убавата Марија блеска во бременоста

Композиторот Александар Радуловиќ Фута го основал „Џеј трибјут бенд“, а меѓу гостите први на прес-конференцијата пристигнале ќерките на легендарниот Џеј Рамадановски, Марија и Ана, дознава српски „Телеграф“.

Како што открива изворот за „Телеграф“, Фута основал бенд во чест на Џеј Рамадановски, кој веќе е подготвен да настапува и кој ќе ги изведува исклучиво хитовите на починатиот пејач, кои ги потпишува тој и неговата покојна сопруга, хитмејкерката Марина Туцаковиќ.

Убавата Марија се појавила во бел широк фустан за да се чувствува поудобно со оглед на тоа дека е во понапредна бременост, а сето тоа го искомбинирала со црвена чанта, па сите погледи ги привлекла со својата природност и убавина.

Додека сестрата Ана сепак се одлучила за црна комбинација, па облекла топ и панталони во кои ја покажала својата фантастична фигура.

Да потсетиме, легендарниот Џеј Рамадановски почина во декември 2020 година, а денеска ќе наполнеше 60-ти роденден, поради што неговата помлада ќерка Марија се огласи преку својот Инстаграм.

„Татко мој, се надевам дека ќе го прославиш својот 60-ти роденден на некое подобро место. Ни недостигаш многу! Ти благодарам што се грижиш за нас и нè чуваш нас и одозгора! Голем си“,  пишува во објавата на Марија на Инстаграм.

Фотографиите од Марија и Ана Рамадановски можете да ги погледнете ТУКА.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....