16:49 - 11 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Здравко Чолиќ стави крај на љубовната врска со балканскиот богаташ: Лара и Андрија се разделија по неколку месеци романса

Лара Чолиќ, помладата ќерка на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, ја прекинала врската со Андрија Ѓ., синот на сопственикот на најголемиот ланец вежбални на Балканот, објави српскиот „Курир“.

Нивната врска стана јавна на почетокот на годинава, кога Лара сподели неколку заеднички фотографии со Андрија на социјалните мрежи. Двојката добила поддршка од обете семејства, а јавноста ги запамети и по појавувањето на концерт на позната поп ѕвезда, каде што отворено ја покажуваа својата блискост.

Фото: Инстаграм

Сепак, според блиски извори, Лара и Андрија решиле да стават точка на врската и да се фокусираат на себеси и личниот развој. Лара сега почесто објавува моменти од дружења и излегувања со пријателите, додека Андрија, според пишувањата, се вратил на семејниот бизнис.

Пред оваа врска, Лара била во долгогодишна љубовна релација која завршила кон крајот на 2023 година, по што извесен период била сама. Врската со Андрија започнала неколку месеци подоцна и важеше за стабилна – сè до неодамнешниот раскин.

Слични објави

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо
Се вчитува....