21:51 - 6 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Силвестер Сталоне е вистинска убавица, сонува да лансира сопствен моден бренд

Софија Сталоне, нејзиното презиме веќе кажува се: таа е ќерка на славниот Силвестер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Stallone (@sophiastallone)

Темни очи, права коса во светло пепелеста нијанса, скулптурална фигура и убавина што го одзема здивот: Софија Сталоне е присутна на социјалните мрежи и веќе има бројни фанови ширум светот. Веднаш ја забележувате сличноста со нејзината мајка, поранешната манекенка Џенифер Флавин. Како и нејзината мајка и сестрите, и таа позирала за важни брендови, но нејзиниот сон никогаш не бил да работи како модел, туку да успее како бизнисменка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Stallone (@sophiastallone)

Но која е Софија?

Родена како Софија Роуз Сталоне, таа е најстарата ќерка на Силвестер Сталоне од неговата трета сопруга, поранешната манекенка Џенифер Флавин. Родена во Мајами на 27 август 1996 година, Софија има две помали сестри: Систин и Скарлет.

Дипломирала комуникации на Универзитетот во Јужна Калифорнија, ќерката на актерот избрала да не ги следи стапките на својот татко, но повеќе сака да ја следи професијата на нејзината мајка, некогашна моделка, а сега успешна претприемачка.

Софија Сталоне, до сега парадираше за големите модни брендови како што се Долче и Габана, дебитираше за прв пат на телевизија со Лејт Шоу на Дејвид Летерман во 2010 година, а во 2017 година беше избрана за Мис Златна ракавица заедно со нејзините сестри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Stallone (@sophiastallone)

Работи во светот на модата, но зад сцената

Со неоспорна убавина, сепак, најстарата ќерка на Рамбо избра да работи во светот на модата, но како претприемачка, односно – да лансира сопствен бренд.

Многу малку се знае за приватниот живот на Софија. Во изминатите години таа не ја криеше љубовната приказна со Конор Спирс, ѕвезда во подем на американскиот фудбал. Врската, сепак, се чини дека е завршена и на Инстаграм профилот на ќерката на Сталоне нема фотографии со момчиња.

Интересно е што убавицата се плаши од пајаци, односно има арахнофобија. Нејзини страсти се сликарството, голфот и билијардот. А на двегодишна возраст имала операција на срце, за среќа, денес е во одлично здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Stallone (@sophiastallone)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Stallone (@sophiastallone)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Stallone (@sophiastallone)

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....