15.7 C
Скопје
19:17 - 19 октомври, 2026

(Фото) Ќерката на Моника Белучи неверојатно убава на ревијата на „Долче&Габана“: Сите погледи кон Дева Касел, го украде вниманието!

Дева Касел, ќерката на Моника Белучи, вчеравечер блесна на ревијата на модната марка Долче&Габана претставувајќи модели од колекцијата есен/зима 2023-2024.

Енигматична, мистериозна, одлучна: тоа е новата Дева Касел која чекори на модната писта на Dolce&Gabbana на Модната недела во Милано. Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел долги години е поврзана со брендот Dolce&Gabbana: за колекцијата есен/зима 2023-2024 година, таа блесна на модната писта заедно со врвните модели Ешли Греам и Тес Мекмилан, облечена во проѕирен фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

18-годишната Дева Касел сега е постојано присутна на модната сцена. На оваа ревија се појави без карактеристичните црни кадрици, туку со коса собрана во пунџа. Манекенката носеше црн проѕирен фустан кој потсетува на долна облека, како да е обвиен околу нејзиното убаво тело. Црвениот кармин го привлече вниманието создавајќи од неа божица на медитеранската убавина: обожавателите не престануваат да ја истакнуваат сличноста со нејзината мајка Моника Белучи!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

Транспарентноста на изгледот на Дева Касел беше лајтмотивот на модната ревија на Dolce&Gabbana есен/зима 2023-2024 година. Сицилијанското креаторско дуо ја нарекоа колекцијата „Сензуално“, славејќи го женското тело преку долна облека од тантела до проѕирни панталони и фустани.

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....