13:00 - 4 април, 2026

(Фото) Ќерката на Емра Куртишова наполни една година: „Среќа до небото и назад“

Македонските актери Емра Куртишова и Петар Стојанов, кои се еден од најпознатите парови кај нас, ѝ направија роденденска забава на нивната ќерка Лена, која денеска (29 октомври) наполни една година.

Тие го одбележаа овој значаен ден во еден скопски ресторан, каде беа поканети членови на семејството и најблиските пријатели.

Куртишова сподели неколку фотографии од прославата, од кои може да се забележи дека малечката Лена расте во вистинска убавица, која многу наликува на мајка ѝ.

„Среќа до небото и назад. Гордост наша, среќен роденден“, напиша актерката во описот на објавата.


Да потсетиме, Емра Куртишова и Петар Стојанов се свршија во 2022 година, по тригодишна љубовна врска, а во јуни минатата година го изговорија судбоносното „да“.

Во интервју за „Слободен печат“, актерката проговори за мајчинството и за сите попатни стравови кои доаѓаат со оваа нова животна улога.

„Страв почувствував неколку недели пред да се породам, мислев дека ќе биде тешко, дека нема да се снајдам. Интересен е фактот дека работите ги правиш по интуиција, како некој или нешто да те води и ти кажува како треба. Мајчинскиот инстинкт секако си доаѓа.

Лена веќе има седум месеци, сега почнува најинтересниот период. Полека се претвора во мало човече кое секој ден ни го прави посебен, така што оваа улога на родители ни е вистински предизвик и уживање“, изјави Куртишова за „Слободен печат“ пред неколку месеци.

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....