11.8 C
Скопје
11:53 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) КАНЈЕ ВЕСТ СО БИЗАРНА МАСКА ЗА ДА НЕ ГО ПРЕПОЗНААТ: Обожавателите згрозени

канје вест

Познатиот музичар Канје Вест повторно ги шокираше фановите со својот изглед.

Откако Ким Кардашијан се појави на Мет Гала покриена од глава до пети во дизајн на „Balenciaga“ и речиси беше непрепознатлива, нејзиниот поранешен сопруг секако, отиде чекор подалеку.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by POLISHED® (@polished___)

Канје се појави и во црна комбинација со потпис на „Balenciaga“, но на главата ставил маска за да не го препознаат папараците на аеродромот во Венеција, каде што пристигнал за да настапи на една свадба.

Тоа е свадба на основачот на францускиот бренд на модни додатоци „D’Estreee“, Жералдин Гиот и Александар Арно, син на најбогатиот човек во светот и извршен директор на луксузната марка „LVMH“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOLDOUTSERVICE (@soldoutserviceitaly)

Канје ги извел своите хитови „Runaway“ и „Flashing Lights“, а обожавателите велат дека имал проблеми со изведбата бидејќи му пречела неговата бизарна маска на лицето.

Кога папарацо фотографиите стигнаа до социјалните мрежи, неговите обожаватели ширум светот беа шокирани од изгледот на раперот.

„Што е ова“, „Се исплашив“, „Забегал“, „Ќе имам трауми“, „Колку треба да си луд за да се појавиш вака насекаде“, беа само дел од коментарите за бизарното издание на Канје.

Слични објави

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.
Се вчитува....