8.8 C
Скопје
21:11 - 7 март, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша: Александар Вучиќ треба да е доживотен претседател, но јас ќе победам на следните избори!

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ја изненади јавноста со својата последна објава и предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Имено, таа најави дека планира да се кандидира за претседателка на Србија откако ќе му заврши мандатот на актуелниот српски претседател, Александар Вучиќ, и јасно нагласи дека има амбиција да ја преземе оваа важна и одговорна функција.

„Откако ќе му заврши мандатот на претседателот Александар Вучиќ, иако сметам дека тој заслужува да биде доживотен претседател, планирам да се кандидирам за претседателка на Србија“, напиша Карлеуша на својот инстаграм-профил и додаде: „И ќе победам!“.

Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Храбра и без влакна на јазикот, Карлеуша секогаш нагласувала дека не се плаши од предизвици, а многумина се прашуваат кој ќе биде следниот чекор на оваа интригантна музичка ѕвезда.

„Кога ќе станам претседателка, ќе побарам укинување на задолжителниот предмет Историја. Зошто децата да учат за војни? За поделби, за крвопролевање на човечката раса низ историјата? Зошто да знаат за верските војни кога верата и војната не треба да бидат во иста реченица? Зошто да ги учиме за Првата и Втората светска војна и кој бил на вистинската страна, а кој не? Тоа само буди желба за освета и не допринесува за нашата заедничка иднина? Јас би го вовела предметот ИДНИНА“, објасни Карлеуша за нејзините планови.

Исто така, таа сподели дека планира да создаде т.н. „балканска унија“ и економско обединување на балканските народи.

Слични објави

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо
Се вчитува....