7.8 C
Скопје
19:49 - 31 март, 2026

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Иванка Трамп привлече големо внимание со новите фотографии од семејниот одмор во Аризона, на кои покажа впечатливо модно издание со доза на вестерн шарм.

Иванка Трамп на Инстаграм сподели низа фотографии од патувањето во Аризона, а меѓу нив особено се издвои онаа на која позира во пустината во црн кожен фустан.

Станува збор за модел со тенки прерамки, длабоко деколте и долга сукња – одличен спој на заводливост и трендовски вестерн призвук.

Стајлингот го заокружи со црн каубојски шешир и кафеави каубојски чизми со подебела потпетица, додека сините впечатливи обетки внесоа боја во целиот изглед.

Instagram

На фотографиите што ги објави се гледа и импресивниот пејзаж на Големиот Кањон во залез на сонце, но и поопуштени моменти од семејниот одмор. Иванка покажа и спортско издание, позирајќи додека се искачува по карпи заедно со своите деца.

Instagram

На една од фотографиите е снимена со синот Тео, двајцата со сини заштитни кациги и насмеани.

Иванка со сопругот Џеред Кушнер има три деца – Арабела Роуз, Џозеф Фредерик и Теодор Џејмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....