15:39 - 5 декември, 2025

(Фото) Хрватската Меган Фокс го крена здолништето среде Ватикан и го покажа задникот

Академската сликарка и инфлуенсерка Денис Гргиќ деновиве ужива во Рим, а го посетила и Ватикан, каде на случајните минувачи им приредила вистинско шоу.

Хрватската академска сликарка и магистар по сликарство Денис Гргиќ престојува во Рим, од каде секојдневно споделува фотографии на својот профил на Инстаграм.

Денис не ја пропуштила приликата да го посети и Ватикан, а таму приредила вистинско шоу  среде улица.


Денис се возела низ Ватикан на скутер, а носела ултра краток фустан, кој во еден момент го кренала и го покажала голиот задник, не обрнувајќи внимание на минувачите кои биле сведоци на таа несекојдневна глетка.

 

„Слика од милион долари!“, „Дали ти е ладно?“, „Уф!“, „Хаха, комплетен врв!“, „Се знае што е вистинска хрватска убавица“, се дел од коментарите кои ги добила покрај фотографиите.

Денис често објавува свои провокативни фотографии на Инстаграм, а ја следат повеќе од 90.000 луѓе.

Поради сличноста со познатата холивудска убавица го доби прекарот „хрватската Меган Фокс“, а во една прилика открила што мисли за тоа што ја споредуваат со американската актерка.

„Сакам да бидам уникатна и да не се споредувам со никого, а споредбата со Меган произлезе од тоа што луѓето понекогаш гледаат сличност па ми ја спомнуваат, и тоа така стана интересно што на некои луѓе им личиме, а на некои луѓе. Меган Фокс е успешна жена и од тој аспект може да ми биде комплимент, но мислам дека и двете сме единствени, секоја на свој начин и дека и двете имаме вредности кои ги носи нашата сопствена личност“, рекла Денис за српски „Курир“.

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....