6.8 C
Скопје
17:21 - 18 декември, 2024

ФОТО: Европски музички награди 2020 – Парада на кич и голотија

Со оглед на тоа што не беа централно лоцирани ниту во еден град, Ем-ти-ви (MTV) наградите сепак успеаја да ја прошират забавата низ целиот свет.

Европските музички награди (MTV Europe) во неделата вечер се доделуваа на различни локации – од Лондон (London) до Будимпешта (Budapest), овој пат виртуелно поради пандемијата на коронавирусот. На физички дистанцираниот и однапред снимениот настан се појавија ѕвезди од целиот свет, додека уметниците, вклучувајќи ги Алиша Кис (Alicia Keys), Медисон Бир (Madison Beer) и Зара Ларсон (Zara Larson), настапија од Лос Анџелес (Los Angeles), Лондон (London) и од Канада (Canada).

Фото: Инстаграм

Триумф на К-поп бендот

Јужнокорејската сензација, бендот „БТС“, освои четири Ем-ти-ви награди, вклучително и за најдобра песна за „Dynamite“ и најдобра група.

Фото: Инстаграм

Контроверзната Леди Гага, иако имаше најголем број номинации, вкупно седум, на крај заврши само со една награда – беше прогласена за најдобар изведувач, а диџеј Калед беше награден за најдобро видео за „Popstar“, за многумина омилена нумера во која се појавуваат и Дрејк и Џастин Бибер.

Скандалозната раперка Карди Б триумфираше во категоријата најдобар хип-хоп, додека британскиот бенд „Колдплеј“ ја освои наградата за најдобар рок, а Хејли Вилијамс за најдобра алтернатива.

Фото: Инстаграм

Колумбиската кантавторка Карол Г беше одлично расположена додека ги собираше признанијата за најдобар латиноамерикански акт и најдобра соработка за нумерата „Tusa“ со Ники Минаж.

Разголени ѕвезди

Фото: Инстаграм

Церемонијата ја водеа членките на женскиот бенд „Литл микс“, а славните гости шокираа со своите стајлинзи – целосно во согласност со традицијата на оваа манифестација. Од скромни до целосно разголени.

Пејачката Рита Ора се одлучи за фустан со карнери и тул, а интересната креација ја надополни со панделка и со црна мрежа.

Фото: Инстаграм

Манекенката Вини Харлоу блескаше во тесен, долг фустан, а откри и како, всушност, изгледа црвениот тепих на манифестацијата, кој беше прилагоден на мерките на пандемијата на коронавирусот.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

И Медисон Бир се најде во улога на водителка, а сексапилната креација на модната дизајнерка Вивиен Вествуд ја истакна нејзината совршена фигура.

Фото: Инстаграм

Алиша Кис (39) одлучила да го покрие целото лице со маска од скапоцени камења за време на настапот на Ем-ти-ви наградите. Пејачката носеше блескав топ, кој беше усогласен со заштитната маска на лицето додека ја изведуваше емотивната песна „Love Looks Better“.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Поголемиот дел од музичкото шоу беше снимено однапред на 1 ноември, а церемонијата се одржа на виртуелен стадион. Алиша Кис ја изведе својата нова песна од Лос Анџелес, Малума пееше од својот пентхаус во Мајами, додека Дејвид Гета излезе од сцената изградена во базен во Унгарија.

Фото: Инстаграм

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....