9.8 C
Скопје
13:09 - 31 март, 2026

(Фото) Ештон Качер на служба на „геј“ свадба

Ѕвездата на филмот „Два и пол мажи“ служеше на свадбената церемонија на Мајк ван Рикум, неговиот извршен асистент, кој стапи во брак со Јутјубертот PK Creedon, во Калифорнија. И со голема елеганција го задржа „нискиот профил“ односно не им го украде вниманието на парот, држејќи се во втор план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PK Creedon (@pk514)

Тој направи сè според протоколот, но кога заврши церемонијалниот говор извика: „Знаете што ви велам, момци? Одите онаму и искршите сè“. Вака Ештон Качер го заврши своето прво искуство како службеник на свадба: токму актерот ја прослави венчавката помеѓу неговиот извршен асистент Мајк ван Рикум и Јутјуберот PK Creedon.

Во врска од  2015 година, Мајк и П.К се венчаа на 25 јуни, но дури сега, по повод месецот на гордоста, на интернет го објавија тизерот од „филмот за свадба“.

Церемонијата се одржа во една винарија во Темекула, во југоисточна Калифорнија, а меѓу гостите беше и глумецот Тејлор Лотнер.

„Ова е првиот ден од нашата вечност“, коментираше Мајк на заедничка фотографија со партнерот на која може да се види и насмеаниот и речиси трогнат Ештон Качер во позадина.

Актерот од своја страна со голема елеганција избра да го задржи нискиот профил. Тој не објави ништо на социјалните мрежи и се држеше настрана за да не го одвлекува вниманието од сопружниците, кои сепак на секоја фотографија и видео објавено на интернет прецизираа дека церемонијата ја водел Ештон Качер. Кој, не треба да се заборави, е и кум на свадбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PK Creedon (@pk514)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PK Creedon (@pk514)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PK Creedon (@pk514)

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....