3.8 C
Скопје
08:12 - 11 март, 2026

ФОТО: Елка од 7 метри ја краси палатата на кралицата Елизабета – Замокот Виндзор блесна во празничен декор!

Profimedia

Традиционалното китење на кралската палата е во тек…

Оваа традиција потекнува од 18-от век и ја вовела тогашната кралица Шарлот. Најпрвин не се користела елка, туку украсени гранки кои се поставувале во и околу палатата. Првата популаризација на богатото китење и божиќната еуфорија станала дел од традицијата за време на владеењето на кралицата Викторија и принцот Алберт.

Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип, одлучија оваа година празниците да ги поминат во Винзор замокот. Иако оваа година се разликува речиси по се, тие сакаа празничното расположение и во овој замок да го дополнат со божиќните декорации.


Помошниот тим во Виндзор замокот работеше деноноќно со цел да постигне да ги заврши декорациите и да ја отвори вратата за фотографирање.

Елката од седум метри го краси ходникот Св. Џорџ, најголемата просторија во замокот.

Елката, која до неодамна го красеше паркот во Виндзор замокот, е украсена со дури 3000 сијалички и декорирана е во класичниот Божиќен стил – со црвени детали.

Елката е накитена, но декорирањето продолжува до најситните детали, па така овие денови, очекуваме нови фотографии со целосната слика од изгледот на замокот Виндзор.

Слични објави

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо
Се вчитува....