Македонската инфлуенсерка Елена Најдоски, која деновиве престојува во Париз со три свои пријателки, сподели вознемирувачки сцени од француската престолнина, каде што за време на нивното патување се случија немири.
Она што требало да биде пријатно женско патување добило поинаков тек поради случувањата на улиците на Париз. Според објавените информации, немирите биле проследени со судири, оштетување на објекти и поставување барикади.
Елена на својот инстаграм-профил сподели видеа на кои прикажа две сосема различни страни на градот.
На првото видео се гледа како се вози покрај Ајфеловата кула, а покрај снимката напиша:
„Колку го сакам Париз и колку ми е жал што му се случува ова“.

На следното видео, пак, се гледаат паднати барикади на улиците, останати по немирите. Елена не го криеше своето разочарување од сцените на кои наишла.
„Она што го видов вечерва во Париз беше нешто сосема поинакво. Насилството, вандализмот и искористувањето на вакви ситуации не можам да ги оправдам. По вчерашните сцени, гледајќи го Париз, искрено, едвај чекам да се вратам во нашата Македонија“, напиша таа.

И покрај непријатните случувања, Најдоски сподели и убави моменти од патувањето со своите пријателки.
Сепак, судејќи според нејзините објави, немирите оставиле силен впечаток врз неа, па сега со нетрпение го очекува враќањето дома.
