11.8 C
Скопје
20:46 - 3 април, 2026

(Фото) Елегантна и со стил: Елена Ристеска блесна во најтрендовското парче годинава

Модните избори на јавните личности секогаш привлекуваат внимание, а Елена Ристеска повторно успеа да биде во центарот на вниманието со својот последен изглед. Популарната пејачка покажа дека е во чекор со најновите трендови, носејќи здолниште од црна тантела – парче кое моментално е хит во светот на модата.

Таа неодамна гостуваше во емисијата „Седмо небо“ на водителката Марјана Станојковска.

„Во емисија кај прекрасната Марјана. Два Бика си уживаа во разговорот и си направија навраќање на спомените во почетоците на кариерата“, напиша пејачката и сподели неколку фотографии.

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Пејачката ја искомбинира елегантната тантела со едноставно палто, додавајќи софистицирани детали како класични високи потпетици и впечатлива шминка од рацете на нејзиниот долгогодишен соработник Даниел Николовски. Овој изглед не само што ја истакна нејзината женственост, туку и потврди дека модата е еден од нејзините силни адути.

Со овој моден избор, Ристеска уште еднаш докажа дека не е само музичка ѕвезда, туку и инспирација за сите што сакаат да го внесат гламурот во својата секојдневна облека. Тантелата останува симбол на елеганцијата, а со ваквите изгледи јавните личности ја прават модата достапна и инспиративна за сите нас.

Слични објави

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо
Се вчитува....