24.8 C
Скопје
17:29 - 10 октомври, 2026

(Фото) „Ти си неверојатна сопруга и мајка“: Вилијам објави досега невидена фотографија од Кејт Мидлтон на нејзиниот 43. роденден

Принцезата Kејт Мидлтон денеска го слави својот 43. роденден. По најтешката година зад себе, принцезата го прославува роденденот опкружена со најблиските, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам ѝ честиташе со најемотивната порака досега.

Имено, на официјалниот инстаграм-профил на принцот и принцезата пристигна порака од Велс која никој не ја очекуваше. Наместо формална честитка во која се споменува нејзината титула и возраст, според многумина следеше неочекуван излив на емоции од принцот Вилијам.

„На најневеројатната сопруга и мајка. Силата што ја покажа во текот на изминатата година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме толку горди на тебе. Среќен роденден, Кетрин, те сакаме”, напиша принцот Вилијам во честитката.

На роденденските честитки се придружија и кралот Чарлс и кралицата Камила, кои објавија фотографија на заедничкиот инстаграм-профил на кралското семејство и испратија топли зборови. Тие споделија фотографија од Кејт од божиќната забава во Сандрингем, на која таа е во прекрасен темнозелен фустан со букет цвеќе. Накратко напишаа: „Среќен роденден на принцезата од Велс“.

Слични објави

Никому не кажав кога почина Владо Јаневски, молчев и дека е болен: Влатко Плевнеш искрено за смртта на пријателот

Еспресо

Песна на Цеца и по 25 години меѓу најслушаните во Србија — хитот од 2001 година повторно се искачи на трендинг

E.A.

„Мајка ми не знаеше дека го променив презимето во Тржан“: Лена со другарката отишла во општината за да го смени презимето од татко ѝ

Еспресо

(Фото) Тони Зен ужива во Франција со сопругата и двете деца — семејна авантура покрај Атлантскиот Океан

К.С.

Калинката е вистинска ризница на здравје: 10 причини зошто треба почесто да ја јадете

К.С.

„Тоа е за мене сосема поинаква тага“: Тијана Богиќевиќ искрено за најголемата животна загуба и разводот

E.A.
Се вчитува....