10.8 C
Скопје
11:04 - 28 март, 2026

(Фото) Ексклузивни фотографии од венчавката: Игор Којиќ тајно се ожени со 15 години помладата Софија Дачиќ

Синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, тајно се ожени со 15 години помладата Софија Дачиќ. Инаку, Софија веќе на Инстаграм го сменила своето презима во Којиќ.

Имено, Игор и Софија се венчаа во општината на 3 јануари, а српски „Блиц“ доби ексклузивни фотографии од венчавката.

Двајцата биле облечени во опуштени комбинации, невестата не носела венчаница и била во црна облека, додека Игор беше во ролка и капут со капа на главата.

Игор ја потврди убавата вест за „Блиц“ и открил дека тој и неговата сопруга добиле признание од општината.

– Вистина е дека мојата сопруга и јас добивме награда и признание од општина Нов Белград како прва брачна двојка во 2025 година. Софија е мојот дар од Господ. Прва, последна, единствена и вистинска љубов. Среќен Божиќ на сите, Христос се роди – порачал младоженецот.

Инаку, Софија е многу активна на Тикток каде се снима во различни изданија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Kojić (@sofijakaosofija)


– Срцето ми е и окупирано и одземено. Не би го коментирал мојот приватен живот во моментов, се трудам да уживам, со мене секогаш сè беше во најдобар ред, сакам, постојам, се однесувам нормално. Видов што изјавил татко ми, тоа малку беше избрзано, но добро, нека биде… Никогаш не се криев ниту од нови ниту од стари љубови, па се трудам да имам нова љубов секој ден, а постои само една единствена, таа е на небото – изјавил неодамна Игор.

Инаку, Игор Којиќ беше во брак со хрватската пејачка Северина Вучковиќ, кој заврши неславно.

Фотографиите од венчавката на Игор и Софија можете да ги погледнете – ТУКА.

 

 

Слични објави

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.
Се вчитува....